Кристијано Роналдо се чини дека за првпат ќе заигра во С. Арабија, како член на Ал Наср на 19 јануари и тоа против Лео Меси, неговиот вечен ривал во изминатите 15 години. Тоа ќе биде егзибицски меч во кој играчи на Ал Наср и Ал Хилал против ПСЖ, односно против Лео Меси.
Мечот ќе се одигра на стадионот „Крал Фхд“ пред 60.000 фанови, и капацитетот е распродаден уште пред неколку денови. Интересно е тоа што во Ријад и С. Арабија владее невидена фудбалска треска за овој мега-дуел меѓу Роналдо и Меси, имено имало дури 2 милиони побарувања за билети, а нив ги имало само 60.000.
Значи да има стадион во Ријад со капацитет од два милиони седишта истиот ќе биде исполнет.
Неверојатно…