Холандија е вториот противник на македонската ракометна репрезентација на ова Светско првенство. Убедливиот пораз од Норвешка вчера не ги демотивира ракометарите, на денешниот тренинг дојдоа во добро распложение и иста желба – да ја запиша првата победа и да чекорат кон главната фаза.
Противникот е добро анализиран, останува да се направат последните договори.
„Ги увидовме грешките од првиот меч и ќе сториме се за да не ги повториме. Се подготвувавме за Холандија уште пред стартот на овој мундијал, добро ги имаме анализирано и верувам дека ќе одговориме на предизвикот. Јасно е, нивна главна сила се контранападите и брзите напади дури и по примен гол. Верувам дека дефанзивно не се премногу моќни во одбраната, па наша цел ќе биде да сме трпеливи во нападот, да создаваме ситуации за постигнување на гол, а потоа и да го неутрализираме противникот. Знаеме дека Лук Стеинс прави чуда на теренот, но верувам дека со колективна игра можеме да го запреме најдобриот холандски ракометар“, изјави Пешевски.
Македонија и Холандија играат утре со почеток во 18 часот.