Полска мора да ја победи Словенија, Исланд и Унгарија за прво место

185

Еден од домаќините на годинешното светско првенство во ракомет, Полска, денеска ќе го одигра клучниот меч во првата фаза на натпреварувањето. Ривал на Полјаците е Словенија, која за разлика од домаќините натпреварувањето го почна со победа.

Во четвртокот, Словенците одлично го отворија овогодинешното Светско првенство, откако без многу напор ја совладаа Саудиска Арабија со 33:19 и се радуваа на првите два бода на овој шампионат. Првенството започна поинаку за домашната селекција, која мораше да ја признае супериорноста на Франција по тешката борба која на крајот заврши со победа на „триколорите“ од 24:26.

Покрај овој меч денеска на програмата има уште едно дерби. Тоа е дуелот меѓу Исланд и Унгарија. И двете селекции тргнаа со победа, па нивнит денешен дуел ќе одлучува за првото место во групата.

Франција и Шпанија денеска треба да имаат лесни задачи со С. Арабија и Чиле, додека Црна Гора ќе се обиде да ја добие селекцијата на Иран предводена од нивниот Веселин Вујовиќ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

2 КОЛО (ДЕНЕСКА):

ГРУПА А

18.00 Црна Гора – Иран

20.30 Шпанија – Чиле

ГРУПА Б

18.00 Франција – С. Арабија

20.30 Полска – Словенија

ГРУПА Ц

18.00 Бразил – Уругвај

20.30 Шведска – Зеленортски О.

ГРУПА Д

18.00 Португалија – Ј. Кореја

20.30 Исланд – Унгарија

ПретходноНе ми требаш повеќе: Новак го “отпушти“ Иванишевиќ па бараше совети од публиката! (ВИДЕО)
СледноЧиста десетка за „Фалангата“ – Ова треба да се доживее (ВИДЕО)