Наполи славеше убедливо на домашен терен против Јувентус со 5-1 во рамките на 18. коло во Серија А. Во листата на стрелци се запиша и македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој го постигна петтиот погок за неговиот тим во 72. минута.
По завршување на дуелот на социјалните мрежи се појави интересен видео-запис. Сплаети го бркаше Алегри со пружена рака. Тренерот на Јуве нервозен од поразот сакаше побрзо да влезе во тунелот, на крајот му ја честиташе победата на својот колега.
Spalletti 😂😂😂 pic.twitter.com/1tO6RFLKfG
— Italian Football News 🇮🇹 (@footitalia1) January 13, 2023