Чави пред финалето со Реал: Не сакам да дискутирам, мора да победиме!

224

Чави изјави дека Барселона има обврска да го победи Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп.

„За Барса ова никогаш не се ни дискутира. Ние сме Барса и ќе одиме по трофејот. За мене овој клуб е најважен, а Барса е еден од оние тимови кои треба да освојуваат трофеи. Без разлика дали ќе победиме или ќе загубиме, ќе продолжиме да се бориме за трофеи. Победата над Реал Мадрид ќе направи голема разлика. На ситуацијата гледаме така што сме должни да го освоиме овој трофеј. Ние сме тука за тоа. Ако ја споредите мојата работа сега со времињата кога играв, не е многу променето. Сега треба само да го подготвам тимот за да победи“, вели Чави.

Натпреварот од финалето на шпанскиот Суперкуп меѓу Барса и Реал Мадрид ќе се одигра утре од 20 часот.

ПретходноАугзбург потпиша Хрват и го пречека со ќебапчиња и ајвар
СледноЦСКА (М) и Рајковиќ не запираат: 21. победа по ред во ВТБ лигата