Чиста десетка за „Фалангата“ – Ова треба да се доживее (ВИДЕО)

550

Македонската „Фаланга“ ја разубави „Таурон Арената“ која навистина е тешко да се наполни особено кога не игра домаќинот. Но, токму македонските навивачи направија да изгледа колоритно, уште еднаш покажаа зошто се најдобри.

Синоќа на трибините имаше околу 1.000 фанови, кои и покрај поразот од Норвешка си заминаа со кренати глави, а по завршување на мечот на момците им ја дадоа потребната доза на поддршка порачувајќи дека до крај ќе бидат со нив.

Погледнете како изгледаше сето тоа.

ПретходноПолска мора да ја победи Словенија, Исланд и Унгарија за прво место
СледноБарса му понуди „трампа“ на Интер: Кеси за Брозовиќ!