Чудо или не? “Малиот“ Брајтон денеска во меч од ПЛ просто го понижи, го декласира, го засрами Ливерпул и успеа да го победи со 3:0. Ако барем уште еден од шансите ги реализираше, ако Алисон не беше на голот на “редси“ тогаш шамарот кој го доби Јирген Клоп ќе беше уште пожесток.Марч во 47.и 53.минута му донесе водство на својот тим од 2:0, додека Велбек во 82.минута ги постави конечните 3:0
Интересно, сега Брајтон е пред Ливерпул на табелата, каков срам за “редси“ е тоа. Навистина треба нешто под итно да се преземе во клубот од “Енфилд“, во спротивно тешко дека следната сезона ќе игра во Европа.
На останатите мечеви од попладневниот термин, Нотингем Форест со 2:0 го победи Лестер, и тоа со двата гола на Џонсон.
Евертон дома загуби од Саутемптон со 1:2, стрелци беа Онана за 1:0, а Вард-Проус со двата гола му донесе победа на својот тим.
Вулфс со 1:0 успеа да забележи победа против Вест Хем. Стрелец на голот беше Поденс во 48.минута.
Danny Welbeck nailed Liverpool to the cross with this sublime finish 👏🏽🔥#Football411pic.twitter.com/BIT2d2G6Le
— Football411 Tribe🗯 (@football411ng) January 14, 2023