Лина оди во финалето во Талин

231

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе биде дел од финалето на фјучерсот во Талин, Естнонија, откако предмалку во 1/2 финалето беше подобра од турчинката Зејнеп Сомнез со 2:0 по сетови, 6:3 и 6:2.

Сега, во утрешното финале, Лина Ѓорческа ќе се сретне со Јанина Викмаер од Белгија која што пак во денешното 1/2 финале беше подобра од Ченгиз исто така од Турција.

Наградниот фонд на тунирот во Талин изнесува 30.000 долари.

 

ПретходноЦСКА (М) и Рајковиќ не запираат: 21. победа по ред во ВТБ лигата
СледноПетров: Главата горе, верувам дека ќе се радуваме на победи!