Неверојатно: Има 2 милиони побарувања за билети за дуелот Меси VS Роналдо во Ријад!

182

Кристијано Роналдо се чини дека за првпат ќе заигра во С. Арабија, како член на Ал Наср на 19 јануари и тоа против Лео Меси, неговиот вечен ривал во изминатите 15 години. Тоа ќе биде егзибицски меч во кој играчи на Ал Наср и Ал Хилал против ПСЖ, односно против Лео Меси.

Мечот ќе се одигра на стадионот „Крал Фхд“ пред 60.000 фанови, и капацитетот е распродаден уште пред неколку денови. Интересно е тоа што во Ријад и С. Арабија владее невидена фудбалска треска за овој мега-дуел меѓу Роналдо и Меси, имено имало дури 2 милиони побарувања за билети, а нив ги имало само 60.000.

Значи да има стадион во Ријад со капацитет од два милиони седишта истиот ќе биде исполнет.

Неверојатно…

ПретходноТалески: Поразот од Норвешка нема да ни ја сруши самодовербата!
СледноДенвер без Јокиќ го освои ЛА (ВИДЕО)