Тимот на Рајо Ваљекано на чело со нашиот Столе Димитриевски на голот успеа денеска да извојува минимална победа од 0:1 на гостински терен против Ваљадолид.
Во првиот дуел од денешната програма во шпанската Примера, Рајо најпрво промаши пенал, преку Палазон, за да во вториот дел преку истиот играч сепак, успеаа да дојде до водство, а потоа и до победа.
Со овој триумф Рајо одседна на осмата позиција со 26 поени.