Талески: Поразот од Норвешка нема да ни ја сруши самодовербата!

159

Македонија зад себе го има поразот од Норвешка на стартот на Светското првенство. Тешко беше да се изненади претедентот за медал, големиот број на технички грешки на крајот не чинеа убедлив пораз (39-27), кој пак нема и не смее да ја урне самодовербата во редовите на националниот тим.

Филип Талески вели дека Норвешка треба да биде школа за утрешниот меч против Холандија.

„Во првиот дел бевме рамноправни, дваесетина минути, а потоа во последните десет ни направија голема разлика, од пет-шест гола. Во второто полувреме се одржуваше разликата, ќе намалевме во некои моменти, па повторно ќе ни се повтореше истото. Ова треба да ни биде школа, против Холандија нема да смее вака да одиграме и да грешиме вака. Ќе анализираме, ова нема да ни ја сруши нашата самодоверба. Ако победевме ќе беше големо изненадување, но не се случи тоа. Фокусирани сме на тоа што не чека на следните два натпревари. Да ги оладиме главите и да се подготвиме за Холандија“, изјави Филип Талески.

Дуелот меѓу Македонија и Холандија ќе биде прв на утрешната програма во „Таурон Арена“.

ПретходноПартизан и се одмазди на Басконија, Барселона поразена дома од Ефес
СледноНеверојатно: Има 2 милиони побарувања за билети за дуелот Меси VS Роналдо во Ријад!