Јунајтед со пресврт го доби дербито на Манчестер (ВИДЕО)

202

Тимот на Манчестер Јунајтед со пресврт, откако губеше со 0:1 го доби со конечни 2:1 големото градско дерби против тимот на Сити. Во фантастична атмосфера и пред се одличен меч, Јунајтед иако губеше на крајот сепак успеа да стигне до трите бода и на најдобар можен начин да покаже дека сезонава е целосно резултатски вратен во игра.

Гостите имаа свои делови од мечот но во клучните моменти погрешија и останаа со празни раце. А можеа да имаа се, затоа што Грилиш во 60. минута на прекрасната асистенција на Де Брујне погоди со глава за 0:1.

Следуваше комплетен пресврт најпрво од страна на Бруно Фернандеш кој прекрасно ја искористи реакцијата на Рашфорд кој иако во офсајд сепак немаше допир со топката, па погодокот за изедначување беше регуларен.

За само четири минути, односно во 82. минута, Гарначо доби топка по лево, асистираше на петерецот, а таму Рашфорд реализира за 2:1.

Сега, Јунајтед по 18 кола има 38. бодови, додека Сити е втор со бод повеќе.

ПретходноМарка: Валенсија и Гатузо го посакуваат Адеми
СледноМанев стартува Адана победува