Денеска на Мундијалот: Македонија на мегдан со Холандија, дербито е Германија – Србија!

133

Денеска на на СП во Полска и Шведска се закажани осум мечеви од 2.коло во групите Е, Ф, Г и Х. Секако нас најмногу ќе не интересира нашиот дуел со Холандија. Меч еден од двата на кои ние ќе одиме на победа и ќе бркаме пласман во следната фаза. Македонија – Холандија се игра во Краков со почеток од 18 часо. Другиот меч од нашата група, меѓу Норвешка и Аргентина се игра од 20:30 часот.

Веројатно дерби на денот е мечот меѓу Германија и Србија од грипата Е, кој почнува во 18 часот. Кој и да победи и дефинитивно ќе го завери пласманот во следната рунда, ова ќе биде и меч по коиј ќе се знае која од овие две селекции во следната фаза ќе носи бодови и колку бодови. Во вечерниот термин од оваа група се среќаваат Катар и Алжир.

Хрватска по бламажата на стартот од Египет, вечерва од 20:30 часот во групата Г, ќе мора по секоја цена да ја победи селекцијата на САД, на другиот меч се среќаваат Египет и Мароко.

И во групата Х се среќаваат Белгија – Тунис и Данска – Бахреин. Нема дилеми дека светскиот првак ќе го победи Бахреин и ќе стави печат на пласман во следната фаза.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

2.КОЛО – ДЕНЕСКА:

ГРУПА – Е:

18:00 ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА

20:30 КАТАР – АЛЖИР

ГРУПА – Ф:

18:00 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА

20:30 НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА

ГРУПА – Г:

18:00 ЕГИПЕТ – МАРОКО

20:30 ХРВАТСКА – САД

ГРУПА – Х:

18:00 БЕЛГИЈА – ТУНИС

20:30 ДАНСКА – БАХРЕИН

ПретходноКристоферсен најбрз на слаломот во Венген
СледноХоланѓаните претпазливи: Македонија според стилот на игра помалку ни одговара!