ЕХФ за скандалот во кој се вмешани Начевски и Николов: Нема докази за местење на натпревари!

591

Европската ракометна федерација излезе со соопштение за скандалот кој данската телевизија ТВ2 го објави повикувајќи се на „Спортрадар“, а во кој се наводно вмешани и македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Од ЕХФ велат дека не постојат докази за местење на натпревари во периодот од 2016 до 2017 година, како што тврдат Данците. До европската „куќа на ракометот“ дошле документи кои веднаш биле испратени до одделот за организиран криминал и федерално криминално-разузнавачките служби.

„Во декември 2018 година, Европската ракометна федерација активно и веднаш ја препрати документацијата со која располагаат релевантните органи, поточно единицата за спортски интегритет, дел од одделот за организиран криминал, при федералните криминално-разузнавачки служби на Австрија, така што сите потребни истрагите на национално и меѓународно ниво би можеле веднаш да се започнат. Ова е бараниот и неопходен чекор во оваа работа бидејќи местењето натпревари е кривично дело кое треба да го истражува полицијата како одговорна институција. Според сознанијата на ЕХФ, до денес овие истраги на полицијата не дадоа никаков резултат и шпекулациите останаа непотврдени по истрагата. Сопствените анализи на ЕХФ за спорните натпревари од спортска гледна точка во тоа време не донесоа докази што би го оправдале покренувањето правна постапка. Судиите не се суспендирани бидејќи ниту на страната на полицијата ниту на страната на ЕХФ не се утврдени суштински причини за ваквите чекори“, стои во соопштението на ЕХФ.

Данската телевизија не само што ги посочи и македонските судии за едни од осумте двојки кои местеле натпревари, туку излезе со видео-снимки. Има натпревари од Лигата на шампиони и СЕХА-лига, вкупно се 28.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: И Мистер Бин навива за Македонија!
СледноКристоферсен најбрз на слаломот во Венген