Митревски: Натпреварот со Аргентина за нас ќе биде како финале!

375

Македонија вечерва во Краков, во својот втор натпревар на СП беше убедливо поразена. Слабо издание на момците на Кире Лазаров. Јасно е дека Холандија е силна селекција, но исто така факт е дека и од нашите момци повеќе се очекуваше.

За тоа како го виде овој натпревар, свој коментар има голманот Никола Митревски:

И одново ни се случува тоа да имаме црни периоди во играта, и тоа од по 3-4 минути во кои противникот прави серија. Така беше и вечерва, тоа се случи во раната фаза на средбата кога противникот го реши победникот. Се откажуваме многу брзо, на ова мора повеќе да поработиме, се гледа нашето неискуство кај некои играчи. Мораме да се бориме за секоја топка, без оглед на резултатот во тој момент. Мечот со Аргентина за нас ќе биде како финале, се надевам дека ќе го поправиме ритамот. Знаеме што ни следи со нив, имаме доволно време добро да се подготвиме“ заврши Митревски.

ПретходноСамо едно сценарио против Аргентина ја носи Македонија во главната рунда!
СледноКаква бламажа на ПСЖ: Рен славеше против Меси, Мбапе, Нејмар, Хакими… (ВИДЕО)