Пораз за отрезнување на СП: Ракометарите надиграни од Холандија (ФОТО)

285

Македонската ракометна репрезентација го запиша и вториот пораз на Светското првенство, Холандија на дело ја покажа својата сила, ја оправда фаворитската улога и завери пласман во главната рунда, славеше со 24-34. Поразот не е проблем, туку бројните технички грешки кои Македонија ги направи многу рано во мечот, па му дозволи на противникот лесни голови.

Шансата за пласман во главна фаза останува, Аргентина доколку не ја изненади Норвешка, ќе биде последниот билет за Краков. Ама ќе треба многу поцврста игра.

Кај Смитс најопасното оружје постигна 10 голови, кај нас Пешевски и Кузмановски имаа по четири гола, по три имаа Мансков и Костески.

Првото полувреме беше налик, резултатски како против Норвешка. Македонија имаше негатива од седум гола 11-18. Само во првите пет минути имавме верба дека навистина ќе можеме да им парираме на „лалињата“. Поведовме со 1-0 со голот на Серафимов, па 3-2 со погодокот на Манасков и потонавме. Потонавме во сопствените грешки, не е проблем поразот, туку лошата игра во дефанзива, како и бројните технички грешки и неискористени напади со играч помалку. Со серија од 5-0, Холандија предводена од Кај Смитс поведе со 3-7 во 10. минута.

Само еднаш успеавме да дојдеме на два гола негатива, со двата гола на Павле Атанасијевиќ (9-11) и тука застанавме. Олсон повика тајм-аут, па неговите момци одговорија со серија од 4-0 за 9-15 во 25. минута. На одморот негативата беше 18-11.

Тешко беше да се прати ритамот на противникот, мала искра видовме во периодот од 34-та до 38-та минута кога одбраната ја стегнавме, па дојдовме на 16-20. Пешевски имаше чиста шанса да намали на три гола при 18-22, следеше казна, 4-0 серија и негатива од 18-26 на средината на второто полувреме. Од овој момент беше тешко да се вратиме, Холандија не само што одржуваше позитива за победа, тука истата дојде на 23-34.

ПретходноMoнако со седумка го почасти Ајачио, Бен Једер „пукна“ хет-трик за 14 минути!
СледноГерманија со минимален триумф над Србија!