Струга ТЛ во Анталија против Локо Ташкент на Најденов, како и против екипи од Данска, Украина, Молдавија!

344

Есенскиот првак во ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум, како што е познато, од 24 јануари до 05 февруари по вторпат во својата клупска историја главниот дел од своите зимски подготовки ќе ги одработи во Анталија. Во еден од главните спортско – туристички центри во Европа за овој дел од годината.

Покрај вообичаените тренинзи на кои ќе се темпира формата на тимот на стратегот Срѓан Захариевски, лидерот на табелата ќе одигра и пет пријателски или контролни натпревари.

На 15 јануари ривал ќе биде тимот на Локомотив Ташкент (Узбекистан), тимот за кој пред неколку дена потпиша Бојан Најденов. Два дене подоцна ривал во Анталија за стружани ќе биде составот на Кривбас (Украина), додека на 29 јануари нашиот тим ќе ги одмери силите со познатиот тим од Данска, Вејле. За 31 јануари сеуште се бара противник, а серијалот пријателски завршува на 4 февруари со мечот против Петрокуб (Молдавија). Тим кој што во летото во 2021 година играше против Силекс.

ПретходноНесторовски влезе во финишот но не успеа да спаси бод за Удинезе
Следно„Денес над Македонија се раѓа…“ оддекна во „Таурон арената“ (видео)