По двоцифрениот пораз од Холандија (24-34), пред медиумите говореше Филип Талески.
„Се повторуваме, техничките грешки и непостојаноста се причина за поразите. Треба да преземеме нешто, треба подобро да се бориме, имаме уште една шанса за да одиме понатаму. Ќе се обидеме да ја победиме Аргентина во последниот меч“, изјави Талески.
Последниот меч од групата против Аргентина, македонскиот тим го игра во вторник со почеток од 18 часот.