Томовски: Мора да веруваме, ако не веруваме нема што да бараме!

143

Тешко е да се најдат зборови по еден убедлив пораз. Ракометарите свесни се дека вечерва не го прикажаа најдоброто, но истовремено не дозволуваат да паднат. Останува и од овој меч да извлечат поука, а веќе против Аргентина да одиграат добар натпревар, да ги демантираат сите оние кои не веруваат.

„Се подготвувавме за Холандија, ама очигледно тоа не беше доволно. На сѐ што договоривме, ние грешевме, немаа играчите ни поддршка од нас голманите, така да ни останува само да ја кренеме главата горе и да играме со Аргентина за да поминеме во следната фаза. Мора да смогнеме сили, нема друг избор. Тешко е, но ќе се подготвиме за подобро и верувам дека ќе одиме напред. Мора да веруваме! Ние сме тие на теренот, ние сме екипата и ако не веруваме – нема што да бараме. Ни недостига агресивност, сплотеност“, рече Мартин Томовски.

Утре е слободен, Македонија дуелот со Аргентина, последен од групната фаза го игра на 17. јануари.

ПретходноЛазаров: Видовме до каде сме! Ќе се мобилизираме против Аргентина!
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Немавме напад, немавме одбрана…лошо, многу лошо!