„Фалангата“ со порака: Ајде Македонијо, одиме на победа! (ФОТО)

161

Остануваат уште нешто помалку од два часа до почетокот на еден од двата одлучувачки натпревари за Македонија на СП. Играме против силната Холандија, но момците на селекторот Кире Лазаров во “Таурун Арената“ во Краков одново ќе ја имаат големата поддршка од фановите, пред се од “Фалангата“ која во текот на денот во фан – зоната прави спектакл. Се навива за Македонија, се пејат песни, атмосферата е фантастична, како да сме во Скопје, а после и од трибините ќе се навива за Македонија.

Нема што, не чека голема битка, а “Фалангата“ со порака – Ајде Македонијо, одиме на победа.

И, да, одиме на победа. Одиме да одиграме најдобро што можеме.

Талески, Кузмановски, Манасков, Митревски и останатите предводени од Кире можат да ја израдуваат својата нација.

Напред Македонијо….

 

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноОфицијално: Мудрик во Челзи за 100 милиони евра
СледноГООООООООЛ: Миовски го “смрзна“ Ренџерс на “Хемпден парк“, браво за Македонецот! (ВИДЕО)