Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го предаде финалето против Јанина Викмајер на ИТФ Фјучерсот во Талин. Имено, во вториот сет Ѓорческа реши да се повлече од турнирот, откако во првиот сет Белгијката славеше со 6:1.
33-годишната искусна тенисерка од Белгија одигра одличен прв сет, но Ѓорческа очигледно имаше проблем со повреда, па не можеше да го продолжи мечот.