Барса го “распарчи“ Реал и го освои Суперкупот на Шпанија! (ВИДЕО)

271

Барселона го доби првото „Ел Класико“ во 2023. Вечерва во Ријад (С. Арабија) на стадионот “Кралот Фахд“, каталонската гордост со 3:1 го победи Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија. Тоа беше вистинска фудбалска рапсодија на момците на Чави Ернандез кои буквалбно го “распарчија“ европскиот и шпански првак.

Барса поведе со голот на Гави во 33.минута, по асистенцијата на Левандовски. Во 45.минута, Гави му врати на Левандовски со асистенција, а Полјакот стрелаше за 2:0, со тој резултат се замина на пауза.

Во 69.минута Педри постигна гол за 3:0.

Во поседните секунди од мечот, Бензема постигна гол за колку толку да го намали срамното издание на “кралевите“ за конечни 3:1.

Реал Мадрид ја покажа сета своја немоќ, сакаа “кралевите“ вечерва да испишат историја. Имено да го освојат јубилејниот стоти трофеј во клупската историја, но остана на тие 99. Додека Барса го освои својот 98 трофеј.

Нема што, четата на Карло Анчелоти беше слаба, едноставно Реал Мадри не личеше на себе. Ако не беше Куртоа на голот, тој пораз ќе беше уште поубедлив.

Барса пак полетна, младите Гави и Педри, но и останатите просто “везеа“ на теренот на стадионот во Ријад.

Апсолутно заслужен триумф на каталонците.

ПретходноКремонезе го отпушти Алвини, спасот го бара во Балардини
СледноСамо едно сценарио против Аргентина ја носи Македонија во главната рунда!