Бруно со порака која се однесува на Роналдо!

334

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш даде интересна изјава по победата од 2:1 против градскиот ривал Сити. Многумина се убедени дека зборовите што ги изговори се однесуваат на поранешниот соиграч Кристијано Роналдо.

Роналдо веќе е заборавен на „Олд Трафорд“, а Бруно истакнува дека сега тој и неговиот тим конечно изгледаат како тим.

„Пред натпреварот им кажав на моите соиграчи дека конечно изгледаме како тим. Пред неколку месеци таква слика беше ретка. Многумина од нас се бараа, но сега го гледате вистинскиот тим”, изјави Бруно по игра.

Очекувано, многумина веднаш помислија дека овие зборови се упатени кон Роналдо, кој во последните месеци често е во центарот на вниманието, особено поради неговото однесување по доаѓањето на Ерик тен Хаг во клубот.

Поради своето однесување на крајот заврши на клупата, а во ноември заврши соработката со легендарниот Португалец и тој замина во Саудиска Арабија до крајот на својата голема кариера и последната голема исплата.

ПретходноТалески: Имаме шанси против Холандија – но тоа мора да се потврди на терен!
СледноНеколку ракометни судии обвинети за местење на натпревари, меѓу нив и македонскиот тандем!