Гранеруд победник во Закопане, Кубацки заврши втор

81

Викендов се одржаа натпревари во ски скокови во полски Закопане. Во саботата на програмата беа тимските скокови, а победи Австрија, пред Полска и Германија. Денеска во индивидуална конкуренција триумф на Халвор Егнер Гранеруд.

Победникот на Новогодишната турнеја „4 скокалници“ имаше супер скок во финалната серија и успеа да заврши на првото место. Денеска проблем на скокачите им правеше ветрот поради што стартот беше одложен. Потоа заврна и дожд, па снег но судиите, сепак, одлучија дека може да се почне со скокови.

Во севкупниот поредок Гранеруд освои 287,7 поени, Кубацки 286,6 поени, а трет беше Штефан Крафт со 278,5 поени.

Експедицијата се сели во Јапонија каде од 20 до 22 јануари во Сапоро ќе се одржат три натпревари во ски скокови од Светскиот куп.

ПретходноДечки „фластер“ на напаѓачите и гледајте да не ви дадат гол со глава…
СледноУкраински кошаркарски репрезентативец почина на 33 години