Денеска на на СП во Полска и Шведска се закажани осум мечеви од 2.коло во групите Е, Ф, Г и Х. Секако нас најмногу ќе не интересира нашиот дуел со Холандија. Меч еден од двата на кои ние ќе одиме на победа и ќе бркаме пласман во следната фаза. Македонија – Холандија се игра во Краков со почеток од 18 часо. Другиот меч од нашата група, меѓу Норвешка и Аргентина се игра од 20:30 часот.
Веројатно дерби на денот е мечот меѓу Германија и Србија од грипата Е, кој почнува во 18 часот. Кој и да победи и дефинитивно ќе го завери пласманот во следната рунда, ова ќе биде и меч по коиј ќе се знае која од овие две селекции во следната фаза ќе носи бодови и колку бодови. Во вечерниот термин од оваа група се среќаваат Катар и Алжир.
Хрватска по бламажата на стартот од Египет, вечерва од 20:30 часот во групата Г, ќе мора по секоја цена да ја победи селекцијата на САД, на другиот меч се среќаваат Египет и Мароко.
И во групата Х се среќаваат Белгија – Тунис и Данска – Бахреин. Нема дилеми дека светскиот првак ќе го победи Бахреин и ќе стави печат на пласман во следната фаза.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
2.КОЛО – ДЕНЕСКА:
ГРУПА – Е:
18:00 ГЕРМАНИЈА – СРБИЈА
20:30 КАТАР – АЛЖИР
ГРУПА – Ф:
18:00 МАКЕДОНИЈА – ХОЛАНДИЈА
20:30 НОРВЕШКА – АРГЕНТИНА
ГРУПА – Г:
18:00 ЕГИПЕТ – МАРОКО
20:30 ХРВАТСКА – САД
ГРУПА – Х:
18:00 БЕЛГИЈА – ТУНИС
20:30 ДАНСКА – БАХРЕИН