Италијанскиот стручњак Лучијано Спалети преговара за продолжување на договорот со Наполи, објави новинарот Николо Шира. Тренерот планира да парафира нов договор до летото 2025 година.
63-годишниот Италијанец го презеде Наполи во јули 2021 година. Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година. Со оглед на тоа што наполи е на шампионски патеки, претседателот на клубот Де Лаурентис е подготвен да му понуди нова соработка.
Претседателот Де Лаурентис започна разговори и со Амил Рахмани. Косовскиот интернационалец добил предлог за договор до летото 2027 година со плата од 2,5 милиони евра годишно.
28-годишниот фудбалер му се приклучи на Наполи во зимата 2020 година за 14,2 милиони евра од Верона. Неговиот актуелен договор истекува во летото 2024 година.