Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров се одлучи за две промени во составот за денешната средба против Холандија (18 часот) во рамките на второто коло на Светското првенство.
По повредата на Јагуриноски, во Краков допатува Давид Савревски, а шанса ќе чека и Павле Атанасијевиќ, кој не беше во составот против Норвешка. На трибините остануваат Костадин Петров и Петар Атанасијевиќ.
По поразот од Норвешка, македонската ракометна репрезентација денеска ќе има шанса да ги отвори широко портите кон главната рунда.