И дефинитивно мириса на титула кога станува збор за Арсенал. Нова победа, нови три бода и триумф над вечниот ривал Тотенхем во дербито на Лондон, и тоа со 0:2. „Топчиите“ поведоа со автоголот на Лорис, кој сам си ја затресе мрежата за 0:1 во таа 14.минута. Веќе во 36.минута Одегард стрелаше за удвојување на водството од 0:2. Со тоа Арсенал сега има 47 бодови во 18.коло, осум повеќе пред Манчестер Сити и девет пред Манчестер Јунајтед.
Очгледно е дека на овој Арсенал едноставно никој ништо не му може.