Ветле Сјаштад Кристијансен моментално е еден од најдобрите биатлонци во светот. Иако неговите резултати се на насловните страници на скандинавскиот печат, сепак биатлонецот вели дека во моментов за него е поважно да престанат малтретирањата од неговите колеги во норвешката репрезентација.
Кристијансен се реши да направи прилично неочекувана исповед во медиумите во која мотворено зборуваше за подбивањето кое му го прават останатите колеги од селекцијата.
„Навистина сум малтретиран од другите во тимот“, изјави тој за шведски Expressen. Реакциите на колегите се насочени кон поради рекламната соработка која ја имам со Radiant Health, која произведува преносни инфрацрвени сауни“, вели тој.
Кристијансен веќе подолго време го промовира овој производ на Инстаграм. Промотивните постови, во кои тој ја открива својата фигура, се покажа како причина за исмејување на останатите колеги во селекцијата на Норвешка.
„Во суштина ја голтам сета моја самодоверба, ги блокирам сите емоции. Потоа веднаш заборавам на тоа и се однесувам како никогаш да не се случило“, изјави тој, мислејќи на коментарите на неговите репрезентатвни колеги.