Несторовски влезе во финишот но не успеа да спаси бод за Удинезе

83

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ги одигра последните 10-тина минути за Удинезе на мечот со Болоња во рамките на Серија А. „Зебрите“ беа поразени со 1:2 и покрај тоа што на полувреме водеа со 1:0.

Бето во 10. Минута донесе водство за Удинезе, а пет минути подоцна истиот играч даде уште еден гол кој беше поништен порадои офсајд. И Болоња во финишот на првиот дел постигна гол преку Сансоне кој беше поништен поради офсајд.

На стартот на второто полувреме Сансоне изедначи, а Пош во 80. минута направи целосен пресврт. Веднаш по водечкиот гол на гостите влезе Несторовски, но Удинезе не успеа да изедначи.

Удинезе го доживеа петтиот пораз и е на 8. место на табелата со 25 бода. Болоња е на 11. место со 22 бода.

Торино на домашен терен доживеа пораз од Специја со 0:1. Стрелец беше Нзола во 28 минута од пенал.

Од 12:30 часот играа Сасуоло и Лацио. Римскиот тим ги однесе бодовите поради победа од 2:0.

ПретходноЧелзи конечно победи, Исак за радост на Њукасл (ВИДЕО)
СледноСтруга ТЛ во Анталија против Локо Ташкент на Најденов, како и против екипи од Данска, Украина, Молдавија!