Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Холандија има негатива од 11-18. Ако пред некој ден се држевме до 20. минута против Норвешка, вечерва играме под нивото. На крајот излезе дека Холандија е Норвешка за нас.
Добро почнавме, барем во првите пет минути, отворивме со голот на Серафимов (1-0), па водевме со 3-2. И тука застанавме, она што не требаше да биде „препис“ од дуелот со Норвешка го видовме на дело. Промашени шутеви, технички грешки и лоша одбрана, Холандија го казни и тоа добро. Со играч помалку даде два гола во серијата од 5-0 и водството од 3-7 во десетата минута.
Лазаров повика тајм-аут, Манасков реализираше од седум метри за 4-7. Кај Смитс не успеавме да го затвориме беше перфектен, без промашување, пет гола во 15 минути. Заигравме нешто подобро во одбрана, изнудивме грешки на противникот, Павле Атанасијевиќ постигна два гола по едната одбрана на Митревски, Македонија дојде на минус два 9-11 на стартот на 20 минута.
Нова криза, нови почетнички грешки, период со играч помалку, ја доведе Македонија на минус шест (9-15) во 25. минута. Ај што дефанзивата потфрли, офанзивата беше очајничка.
Вака нема да ја победиме ниту Аргентина. Мора да се разбудат ракометарите.