После 62 години се вратија на Мундијалот, сега Македонија им е шанса за главна рунда!

164

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра вториот меч на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров имаат уште една голем предизвик пред себе – селекцијата на Холандија.

Оваа земја по вторпат во својата историја ќе игра на едно Светско првенство. Првиот пат учествувала во 1961 година, заврши на 11. место и од тогаш поминаа цели 62 години.

Холанѓаните полека и трпеливо ги чекаа деновите за да излезат одново на светската сцена. Имаат поддршка од јавноста, што е најважно во тој процес на градење во тим, кој е незгоден противник и за многу посилни имиња.

Македонија и Холандија немаат традиција на пресметки, до сега не се сретнале на ниту еден официјален меч.

И двете репрезентации денеска ќе ја бараат својата шанса за главната рунда. Македонија со победа ќе ги отвори широко портите кон Катовице, додека пак „лалињата“ ќе бидат сигурен патник.

ПретходноЕтеми со седми гол сезонава за победа на Истанбулспор (ВИДЕО)
СледноЛара Гут Бехрами најбрза на велеслаломот во Сент Антон