ПСЖ го напушта „Паркот на принцовите“

326

Челниците на ПСЖ размислуваат за заминување од Паркот на принцовите, откако пропадна договорот со градот за купување на стадионот. ПСЖ сакаше да инвестира речиси 500 милиони евра на стадионот за да го модернизира, но пред тоа сакаше да стане негов сопственик. Сепак, градоначалничката jа отфрлила можноста за продажба, поради што, како што пишува ESPN, клубот се врти кон ново решение.

Тоа е изградба на нов, сопствен стадион на друга локација, со што Паркот на принцовите би останал празен. Тој стадион е изграден во 1972 година, а ПСЖ се всели во него во 1974 година, четири години по основањето на клубот и таму игра речиси 50 години. Клубот досега има инвестирано околу 80 милиони евра на стадионот, но не сака да направи капитална инвестиција доколку не е сопственик на стадионот.

„Многу сме разочарани од односот на градот Париз, кој на овој начин ќе ги избрка клубот и неговите навивачи од нивниот дом и целосно надвор од тој дел од градот. Покрај тоа, стадионот во сегашната состојба ќе продолжи да ги чини даночните обврзници десетици милиони евра годишно, а ќе стои празно затоа што ќе нема кој да игра на него.

Многу долго преговаравме со градот за купување на стадионот, за градоначалникот наеднаш да ги прекине преговорите и да се откаже од идејата. Не го сакавме ова, но мора да се свртиме кон нови опции“, изјави портпаролот на ПСЖ за ESPN.

Засега нема детали за евентуална изградба на нов стадион, ниту пак е започнат некој проект, но ПСЖ не би имал проблем да ја финансира изградбата на сопствен стадион доколку навистина има потреба од тоа.

ПретходноСосиедад подобар од Атлетик во баскиското дерби (видео)
СледноНуркиќ ја доби пресметката со Дончиќ (ВИДЕО)