Со Џани се е полесно: Алиоски стартер, Фенер победува!

492

Се чини дека и покрај најавите, Езџјан Алиоски веројатно останува во редовите на Фенербахче. И тоа ако се суди според денешниот меч Газијантеп – Фенербахче, на кој Џани беше стартер и играше се до 82.минута по што беше заменет. Значи со Џани се е еполесно, тој е стартер а Фенер победува и тоа со 1:2. Алиоски по пауза од неколку мечеви доби шанса од стратегот Жезус да биде во стартниот состав и тоа му се исплатеше.

Фенер поведе со голот на Енер Валенсија во 8.минута, за да Газијантеп во 55.минута преку Кисиу успеа да израмни на 1:1, во самиот финиш Валенсија одново постигна гол за победа на гостите.

Што се однесува до Лука Станковски, нашиот млад репрезентативец, тој не беше во записникот во составот на домашниот состав.

ПретходноУкраински кошаркарски репрезентативец почина на 33 години
СледноMoнако со седумка го почасти Ајачио, Бен Једер „пукна“ хет-трик за 14 минути!