Украински кошаркарски репрезентативец почина на 33 години

227

Украинскиот кошаркар Руслан Отверченко почина на 33 годишна возраст, пренесоа локалните медиуми. Причината за смртта на играчот на украински Будивелник се проблеми со срцевиот мускул.

Отверченко во текот на професионалната кариера играл за Киев, Доњецк, Будивелник, Чекарски Мавпи и Прометеј. Бил и член на шпанската Манреса во сезоната 2015/16, а за Украина играл на Европското првенство 2017 година.

ПретходноГранеруд победник во Закопане, Кубацки заврши втор
СледноСо Џани се е полесно: Алиоски стартер, Фенер победува!