Moнако со седумка го почасти Ајачио, Бен Једер „пукна“ хет-трик за 14 минути!

76

Во најсилната француска лига попладнево Монако го совлада Ајачио со 7:1. Уште по првото полувреме тимот од кнежевството водеше со 5:1 со голови на Дисаси, Диата и хет-трик на Висам Бен Једер. Токму Бен Једер од 21. па до 35. минута реализираше три гола. Другите два гола во второто полувреме ги постигна Емболо.

Инаку Бен  Једер е трет најдобар стрелец во историјата на Монако со 51 гол, а неговиот хет-трик по 35 минути игра е најбрзиот во Лига 1 по Шеик Диабате на мечот меѓу Бордо и Генгамп во април 2014 година.

РЕЗУЛТАТИ

ЛИЛ – ТРОА       5:1
АНЖЕ – КЛЕРМОН          1:2
МОНПЕЉЕ – НАНТ         0:3
РЕМС – НИЦА    0:0
ТУЛУЗ – БРЕСТ  1:1
МОНАКО – АЈАЧИО        7:1
РЕН – ПСЖ          вечерва

ПретходноСо Џани се е полесно: Алиоски стартер, Фенер победува!
СледноПораз за отрезнување на СП: Ракометарите надиграни од Холандија (ФОТО)