Важна информација за „Фалангата“ во Краков: Забавата во фан-зоната стартува порано!

245

Македонската „Фаланга“ во Краков си доби свое место за „загревање“. Забавата во познатата пивница денеска ќе почне порано бидејќи нашата репрезентација мечот со Холандија го игра во 18 часот.

Пивницата ќе биде отворена во 13:30 часот и овој пат за музиката ќе биде задолжен македонски ди-џеј.

Во „Таурон Арената“ на дуелот со Норвешка на трибините имаше околу 1.000 навивачи, според најавите оваа бројка ќе биде нешто зголемена, има најава за нова тура Македонците, кои живеат близу до Полска.

 

ПретходноНеколку ракометни судии обвинети за местење на натпревари, меѓу нив и македонскиот тандем!
СледноАл-Атијах по петтипат е победник на релито Дакар