Каква блажама, каков срам за мега – ѕвездите на ПСЖ. Рен со 1:0 успеа како домаќин да слави над прескапиот тим од Париз, во кој во второто полувреме заедно играа и Меси, Мбапе, Нејмар, Хакими и останатите.
Стрелец на победничкиот гол беше Траоре во 65.минута. Ова беше дерби во Лига 1 во рамките на 19.коло.
Ова е вториот пораз едноодруго за ПСЖ, и тоа по Ленс сега и од Рен. Ова е исто така втор пораз на тренерот на Криштоф Галтие на клупата на “светците“.
Слабо издание на фаворитот и заслужен пораз ако се знае дека ПСЖ упати само еден шут во рамките на голот во текот на целиот меч.