„Плукаат“ оние кои гледаат да ќарат некоја пара – емотивно се обложуваат на Хрватска“

180

Хрватска по убедливиот пораз од Египет (31-22) се најде на мета на критики. Јавноста на адреса на ракометарите испрати невкусни коментари, Иван Чупиќ не можеше да го дозволи тоа па се огласи преку својата колумна.

„За жал, има многу луѓе кои ракомет гледаат и разбираат само во јануари. И после јануари на ракомет забораваат во следните 11 месеци, па сега си земаат за право да плукаат и навредуваат сѐ по ред. Дел од нив во јануари гледаат да ќарат некоја пара во обложувачница и ако тоа не се случи, а емотивно се обложуваат на Хрватска, следи лавина на навреди и омаловажувања.

Тие истите исто така ја газеа и фудбалската репрезентација после првиот меч во Катар, не може, а да не се сетам на тоа, кога одигравме реми 0-0 со Мароко. А, истиот тој Мароко после играше против Хрватска за бронза. И тогаш на многумина не им беа добри Лука, Матео, Броз… А, три недели потоа им беа – национални херои!“, напиша Чупиќ меѓудругото во своја колумна.

ПретходноПоранешниот македонски селектор не издржа – си поднесе оставка!
СледноТалески: Имаме шанси против Холандија – но тоа мора да се потврди на терен!