Поранешниот македонски селектор не издржа – си поднесе оставка!

714

Драган Бајиќ не го издржа притисокот во Игокеа. Поранешниот македонски селектор, по поразот од Мега во Лакташи си поднесе оставка, првпат решил тоа да го стори поради резултати.

„Шест и седум порази по ред не се добри. Минатиот пат реков дека не сум задоволен ниту со себе, дека не зборувам за други работи. Сега му кажав на менаџерот на тимот Вук Радивојевиќ дека ја преземам најголемата одговорност за се што се случува како тренер и за овие лоши резултати. Се сметам себеси за најодговорен. Како што сум одговорен во се, така и во мојата работа и имам обврска кон луѓето кои ми плаќаат и кои ми дадоа три години договор. Поради сето ова дадов оставка“, рече тој.

Игокеа има скор од пет победи и девет порази, се наоѓа на 11-то место на табелата во АБА-лига. Бајиќ речиси целата своја кариера ја мина на клупата на овој тим и претходно си има заминувано, но сега веќе нема враќање назад.

ПретходноНуркиќ ја доби пресметката со Дончиќ (ВИДЕО)
Следно„Плукаат“ оние кои гледаат да ќарат некоја пара – емотивно се обложуваат на Хрватска“