Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра вториот меч на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров имаат уште една голем предизвик пред себе – селекцијата на Холандија.
Оваа земја по вторпат во својата историја ќе игра на едно Светско првенство. Првиот пат учествувала во 1961 година, заврши на 11. место и од тогаш поминаа цели 62 години.
Холанѓаните полека и трпеливо ги чекаа деновите за да излезат одново на светската сцена. Имаат поддршка од јавноста, што е најважно во тој процес на градење во тим, кој е незгоден противник и за многу посилни имиња.
Македонија и Холандија немаат традиција на пресметки, до сега не се сретнале на ниту еден официјален меч.
И двете репрезентации денеска ќе ја бараат својата шанса за главната рунда. Македонија со победа ќе ги отвори широко портите кон Катовице, додека пак „лалињата“ ќе бидат сигурен патник.