Остануваат уште нешто помалку од два часа до почетокот на еден од двата одлучувачки натпревари за Македонија на СП. Играме против силната Холандија, но момците на селекторот Кире Лазаров во “Таурун Арената“ во Краков одново ќе ја имаат големата поддршка од фановите, пред се од “Фалангата“ која во текот на денот во фан – зоната прави спектакл. Се навива за Македонија, се пејат песни, атмосферата е фантастична, како да сме во Скопје, а после и од трибините ќе се навива за Македонија.
Нема што, не чека голема битка, а “Фалангата“ со порака – Ајде Македонијо, одиме на победа.
И, да, одиме на победа. Одиме да одиграме најдобро што можеме.
Талески, Кузмановски, Манасков, Митревски и останатите предводени од Кире можат да ја израдуваат својата нација.
Напред Македонијо….