Холанѓаните претпазливи: Македонија според стилот на игра помалку ни одговара!

189
Kay Smiths from Netherlands during the preliminary round group F match between Netherlands and Argentina at the Men's IHF Handball World Championship WCH 2023 in Krakow, Poland, 13 January 2023. Panoramic/Petr Stojanovski

Македонија vs Холандија е првиот меч од денешната програма во „Таурон Арената“. Нашите ракометари ќе ја бараат првата победа на Мундијалот, додека на другата страна „лалињата“ посакуваат да го заверат билетот за Катовице, еден од градовите домаќини на главната рунда.

Против Аргентина, холандската репрезентација покажа зошто во последните неколку години важи за најпријатното изненадување. Иако зад себе го имаат токму убедливиот триумф и против Македонија се фаворити, сепак ракометарите на оваа земја се претпазливи.

„Одигравме добра одбрана против Аргентина. Брзиот напад секогаш е наше оружје, но против Аргентинците одигравме и моќна одбрана и затоа така убедливо победивме. Македонија е репрезентација што според големината на играчите, но и според стилот на игра помалку ни одговара. Сепак, верувам дека ќе се прикажеме во добро светло и ќе стигнеме до триумф“, изјави  Самир Бенгхамен.

Главната опасност доаѓа од Кај Смитс, кој постигна седум гола на првата средба, а за да биде се како што треба тука е искусниот Лук Стеинс.

ПретходноДенеска на Мундијалот: Македонија на мегдан со Холандија, дербито е Германија – Србија!
СледноДе Лаурентис не сака да го загуби: Наполи со нов договор за Спалети