Во последниот меч од 18.коло во Серија А, вечерва Емполи на свој терен ја победи Сампдорија со 1:0. Сепак интересно беше во самиот финиш, во таа 90+7.минута кога гостите постигна гол за 1:1 преку Коли, прво голот беше признат, но по реакцијата на ВАР, тој гол беше поништен и остана 1:0 за домашните. Емполи ја победи Сампдорија и уште повеќе ја “закова“ при самото дно на табела, во таа зона на испаѓање. Дејан Станковиќ во тимот од Џенова дојде како спасител, но се редат поразите на тимот предводен од српскиот стратег.
Во просечен по квалитет натпревар, Емполи дојде до победата во 55.минута кога Ебуехи стрелаше во мрежата на Сампдорија.