Австралискиот тенисер Ник Кирјос денеска соопшто дека се повлекува од настапите на Австралија опен поради повреда на коленото.
„Ова е еден од најважните турнири во мојата кариера и воопшто не беше лесно да се донесам одлука за повлекување“, изјави 27-годишниот Кирјос на прес-конференцијата.
„Целосно сум уништен. Лош тајминг, но тоа е животот. Повредите се дел од спортот. Не се сомневам дека ќе се вратам уште посилен“, додаде тој.
Кирјос во првото коло требаше да игра против Русинот Роман Сафиулин, а во ждрепката ќе биде заменет со Американецот Денис Кудла.