МЗТ Скопје на гости кај Партизан: Нема што да изгубиме!

146

МЗТ Скопје по тешкиот пораз од Црвена Звезда, вечерва (18 часот) му гостува на Партизан, уште еден тежок противник во редот оваа сезона во АБА-лига. Актуелниот македонски првак и натаму е последен на табелата со две победи и 12 порази, битката за опстанок станува комплицирана.

Во составот, Драган Николиќ на располагање ќе има две нови засилувања, Кук и Абу кои треба да придонесат за обезбедување на опстанокот во јадранското друштво.

„Играме против искусен тим од Евролигата, кој сезонава нема пораз на домашен терен во АБА и кој како и нашиот претходен ривал има сериозни амбиции да влезе во плејофот на Евролигата и да ја освои титулата во регионот. Згора на тоа, форматот на Партизан е во нагорна линија, што најдобро се гледа на последните неколку домашни натпревари против Цибона, Задар и Монако, кои црно-белите ги добија доста убедливо. Според ова, јасно е дека има уште исклучително тежок дуел против една од најдобрите европски селекции предводена од најтрофејниот тренер во историјата. Последната недела ја искористивме да тренираме, а се засиливме со Кук и Абдул-Малик Абу, кои верувам дека добро ќе се вклопат и ќе придонесат за остварување на заедничката цел, а тоа е опстанок во АБА“, изјави Драган Николиќ, тренерот на МЗТ Скопје пред мечот. 

Кошаркарите на МЗТ Скопје нема што да загубат на оваа средба, мотивирано ќе влезат против евролигашот.

„Се уште сме во период со тежок распоред, како на почетокот на сезоната кога ги одмеруваме силите една по една со две евролигаши. Против Партизан играме на нивни терен, што уште повеќе ја отежнува задачата. Би било добро да се подготвиме, не само за овој натпревар, туку и за остатокот од сезоната, особено што околу нас ќе имаме нови кошаркари, на кои секако ќе им треба време за адаптација. Ваквата средба против силен противник е одлична можност за ваква аклиматизација и адаптација во новата средина, а играњето против евролигаши само по себе носи дополнителен мотив за сите во тимот. Ова е натпревар во кој нема што да загубиме, само се бориме да добиеме многу“, изјави Страхиња Мицовиќ. 

Првата средба во Скопје заврши во корист на Партизан, славеше со убедливи 74-92.

ПретходноНачевски и Николов ќе го судат дербито на денот на СП!
СледноНовак сепак се појави на тренинг, но еден детал е загрижувачки!