Партизан е друга димензија – МЗТ „разнесен“ со 53 разлика!

216

Екипата на МЗТ Скопје доживеа катастрофален пораз на гостувањето кај Партизан во рамките на АБА лигата. „Штрковите“ беа демолирани со 53 поени разлика и конечниот резултат изнесуваше 120:67.  По првата четвртина „црно-белите“ имаа предност од 29:15 и веќе беше јасно дека тоа ќе биде уште една победа на учесникот во Евролигата и второпласираниот тим на табелата во АБА лигата.

Во тој период се повреди и новиот играч на МЗТ Киандре Кук по судир со противничкиот играч Смаилагиќ поради што беше изнесен од теренот.

По завршувањето на третата четвртина разликата изнесуваше 33 поени (80:51). Последниот период почна со серија од 10:0 за Партизан и водство од 43 разлика. А МЗТ се обиде достојно да го заврши мечот и да ја намали разликата колку што може. Тоа не го направија затоа што таа се зголеми и конечниот резултат изнесуваше 120:67.

Партизан има скор од 13 победи и 2 порази, а МЗТ е последен со обратен скор, 2 победи и 13 порази.

Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Партизан Ален Смаилагиќ со 24 поени. Кај Партизан се истакнаа и Ален Аврамовиќ со 16 поени како и Мадар и Вукчевиќ со 14 односно 13 поени.

Кај МЗТ најефикасен беа Дамјан Стојановски со 16 поени, Кофи заврши со 14 поени, а зад нив Војдан Стојановски и Дастин Варе со по 10 поени.

ПретходноКраков е наш: Полјаците на македонски јазик им оставија порака на навивачите (ФОТО)
СледноФранцузите преголем залак за Словенците, Црна Гора се измачи но го победи Чиле