Веќе се познати две групи од главната рунда на Светското првенство. По втората тура на одиграни мечеви вечерва, Шпанија и Шведска со максимални бодови ќе стартуваат во следната фаза.
Шпанија без проблем го совлада Иран со 22-35, откако по првото полувреме имаше позитува од десет гола (11-21). “Фуријата“ има максимален скор, во истата група во главната рунда ќе ги гледаме Црна Гора и Иран.
Оваа група ќе вкрсти со Франција, Словенија и Полска. Еден од домаќините, селекцијата на Полска го фати последниот воз, откако го доби мечот со С.Арабија со 27-24.
Шведска пак, немаше проблем против Уругвај беше подобра со неверојатни 12-47, во првото полувреме постигна 25 гола. Од групата Ц во следната фаза одат Бразил и Зеленортски Острови. Овие три земји ќе се сретнат со тројката од групата Д, Португалија, Исланд и Унгарија.