Челзи не застанува: По Мудрик, следна цел е двоец на Брајтон

915

Челзи веќе потроши 100 милиони фунти оваа зима за трансферите на Беноа Бедиашил од Монако, Михајло Мудрик од Шахтјор, Давид Фофана од Норвешка и Жоао Феликс од Атлетико Мадрид. Но шефовите на лондонскиот клуб не застануваат тука, ќе го завршат преодниот рок со уште двајца нови фудбалери кои треба да дојдат од Брајтон, поранешниот клуб на актуелниот тренер на „сините“ Грем Потер.

На „Стемфорд Бриџ“ ги сакаат Моисес Каиседо и Леандро Тросар.

Тросар е ставен на трансферниот список после кавга со менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби. Италијанскиот тренер е незадоволен од настапите на Тросар и го изостави од тимот во изминатите неколку недели. Тросар сака да си оди, клубот тоа го дозволува, а со оглед дека има уште 12 месеци од договорот сумата за негов трансфер не би требало да биде висока.

За крилниот фудбалер се интересираат уште Тотенхем и Арсенал.

Каиседо е играч од средниот ред и за Брајтон игра од 2021 година. Е за Еквадорецот Челзи ќе треба повеќе да го одврзе ќесето за разлика од Тросар. Брајтон не се откажува лесно од овој 21-годишен фудбалер, а според некои информации од Островот „галебите“ ќе бараат меѓу 70 и 75 милиони фунти.

Откако Тод Боели стана сопственик на Челзи, до сега се потрошени близу 475 милиони фунти на засилувања. Сепак, резулатите се далеку од очекуваните оваа сезона под раководство на Грем Потер кој е под голем притисок поради лошите настапи и 10. Место на табелата со 28 бода во 19 меча.

ПретходноСупер засилување за лидерот: Струга ТЛ се пофали со Радески! (ФОТО)
СледноВаленсија “притиска“ за потписот на Адеми, но нашиот репрезентативец има понуда и од С. Арабија!