Екипата на Работнички во пролетниот дел од шампионатот ќе биде посилна за досегашниот играч на Победа, офанзивецот Атхе Мазари.
Јуниорот на Шкендија, кој има работно искуство и во тимот на Охрид, есеноска одигра и повеќе од добра полусезона во тимот на Победа, па нормално е што зимава имаше понуди да ја промени средината.
Се одлучи за Работнички, клуб кој секако е во преден план кога станува збор за младите играчи.
Мазари има двојно државјанство и своевремено одигра неколку мечеви за младинските репрезентации на Албанија.